Фото: Слободен печат

Фабијани: Успеавме да победиме на вештачка подлога – за жал, недоволно за следна фаза во ЛШ

Фудбалерите на Вардар не успеаја да ја елиминираат негативата од првиот натпревар во Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против финскиот Купс.

Актуелниот македонски првак славеше со 3:2 по продолженијата на гости на реваншот, но поради поразот од 2:0 во првиот дуел во Скопје, Купс ќе продолжи во второто квалификациско коло на ЛШ.

Скопските „црвено-црни“ беа блиску до комплетен пресврт во овој двомеч, имаа предност од 2:0 и 3:1, но на крајот се радуваа Финците.

– Предноста на Купс пред овој двомеч како што кажав и претходно беше што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари зад себе. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека на нив добро сме се подготвиле – одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против Купс и сега се фокусираме на следните дуели – изјави тренерот на ФК Вардар, Кристијан Фабијани, по возвратниот натпревар со Купс.

Вардар ќе го продолжи својот меѓународен настап летово во второто квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига во кое ќе игра против летонската Рига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот