ФОТО | Вардар триумфираше во Финска, но Купс оди во второто квалификациско коло на ЛШ
Денеска во реваншот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Вардар на гостински терен во Финска остварија победа од 3:2 по продолженијата против Купс.
Препорачано
И покрај триумфот, скопските „црвено-црни“ се елиминирани од натпреварувањето поради победата на Купс од 2:0 во првиот натпревар одигран на Националната арена „Тодор Проески“.
Немаше погодоци по првото полувреме на теренот на Варе Арената во Куопио (0:0).
Вардар успеа да дојде до предност по автоголот на Саволаинен во 59 минута од средбата.

Пред финишот на регуларните 90 минути, играчите на Кристијан Фабијани поведоа со 2:0 од пенал кој го реализираше Закариќ и така останаа во играа за пласман во следната фаза.
Во 100 минута Армах ја намали негативата на домаќините на 2:1, а за само 120 секунди подоцна за 3:1 стрелаше аргентинскиот интернационалец Пулејо.
Непосредно пред крајот на првото продолжение (105+1`), Купс постигна уште еден гол преку Полјакот Паришек.

Купс ќе продолжи во второто квалификациско коло на ЛШ каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Сабах Баку – ТНС (2:0).
Вардар својот меѓународен настап ова лето ќе го продолжи во второто квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига каде ќе игра со поразениот од пресметките меѓу Арарат Ерменија и летонската Рига. По првиот меч, ерменскиот претставник има предност од 2:0.


