Артим Положани/KF Shkëndija

Шкендија и покрај петте гола на Гибралтар сериозно ќе влезе во реваншот со тимот на Европа

Шкендија со убедливите 5:0 од првиот натпревар против ФК Европа во Гибралтар практично си обезбеди пласман во второто коло од Конференциската лига, па реваншот што ќе се одигра утре на Националната арена „Тодор Проески“ се очекува да биде само потврда на тоа.

Сепак, тренерот Артим Положани не сака неговите фудбалери да се опуштат по високата предност. Тој истакна дека тимот ќе пристапи максимално сериозно и дека натпреварот треба да послужи како добра подготовка за предизвиците што следуваат во европските натпреварувања.

„Имаме одличен резултат од првиот натпревар, но тоа не значи дека ќе влеземе опуштено. Треба да бидеме на уште повисоко ниво, бидејќи ни е важно да напредуваме и во одбраната и во нападот. Таков пристап ни е неопходен за следните натпревари“, изјави Положани.

Тренерот нагласи дека во моментов единствен фокус е реваншот со Европа и дека во фудбалот не смее да има потценување на противникот.

„Не размислуваме за следната фаза. Целосно сме насочени кон утрешниот натпревар, затоа што изненадувања секогаш се можни. Не смееме да си дозволиме грешки, без разлика што имаме предност од 5:0“, додаде стратегот на тетовскиот клуб.

На прес-конференцијата присуствуваше и Арбин Зејнулаи, кој порача дека атмосферата во тимот е одлична и покрај убедливата предност од првиот натпревар.

„Во натпреварот влегуваме максимално сериозно, без разлика на резултатот од Гибралтар. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка од трибините“, изјави Зејнулаи.

Реваншот меѓу Шкендија и ФК Европа е закажан за утре со почеток во 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот