Педри/ EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

ФОТО | Педри пред една година со мистериозна порака најави дека Шпанија ќе игра финале

Шпанија со победата од 2:0 над Франција обезбеди пласман во финалето на Светското првенство, а веднаш по големиот триумф дел од навивачите се потсетија нна една стара објава на Педри, која денес изгледа како пророштво.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона минатата година, по поразот на Шпанија од Португалија во финалето на Лигата на нации, на Инстаграм објави фотографија на која се наоѓа заедно со Ламин Јамал и Нико Вилијамс.

Под фотографијата стоеше само еден мистериозен број, „190726“, кој во тоа време ги збуни навивачите. Речиси никој не знаеше што сака да порача Педри, зошто го избрал токму тој број и дали зад него се крие некаква порака од соблекувалната на шпанската репрезентација.

Но, по пласманот во финалето, објавата доби сосема ново значење. Бројот „190726“ може да се прочита како датум, 19.07.2026, токму денот кога Шпанија ќе го игра финалето на Светското првенство.

Практично, веднаш по разочарувачкиот пораз од Португалија во финалето на Лигата на нации, Педри го објавил датумот на финалето сакајќи да најави дека ќе се вратат на најголемата сцена многу брзо што тоа и се случи. Во финалето Шпанците ќе се соочат со подобриот од дуелот помеѓу Англија и Аргентина кој се игра денеска исто така од 21:00 часот.

Шпанија вчера само ја продолжи доминацијата над Франција, Јамал е кошмар за Мбапе

Фабијан Руиз е во неверојатна низа — кога е тој на теренот, Шпанија никогаш не губи

ВИДЕО | Магијата на Мундијалот: Англичанец ја продал куќата само за да отпатува во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот