Фабијан Руиз/EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Фабијан Руиз е во неверојатна низа — кога е тој на теренот, Шпанија никогаш не губи

Додека Шпанија се подготвува за големото финале на Светското првенство, вниманието на јавноста го привлече неверојатен податок поврзан со еден од клучните играчи на „црвената фурија“. Фабијан Руиз досега одигра 49 натпревари за шпанската репрезентација и  верувале или не сè уште нема ниту еден пораз во националниот дрес, ако не се сметаат пенал-сериите.

Во современиот фудбал, каде што изненадувањата се секојдневие, а конкуренцијата е жестока, речиси е незамисливо еден репрезентативец да одигра речиси 50 натпревари без ниту еднаш да го напушти теренот како поразен. Сепак, токму тоа му успеа на играчот од средниот ред на Шпанија.

Руиз стана вистински феномен и талисман на својата репрезентација. Со 49 настапи за Шпанија, тој го носи статусот на непоразен репрезентативец.

Кога дебитираше во јуни 2019 година против Фарските Острови, малкумина можеа да претпостават дека ќе започне серија која ќе влезе во историјата. Денес тој е сопственик на рекорд што изгледа речиси неверојатно. Во овој милениум никој не одиграл толку многу натпревари од своето деби без ниту еден пораз, а одамна го надмина претходниот рекорд на Данецот Јенс Стригер Ларсен, кој остана непоразен на 36 натпревари.

Со 49 меча без пораз, Руиз се израмни со легендарниот Бразилец Гаринча, кој меѓу 1955 и 1966 година исто така нанижа 49 натпревари без пораз. Пред него на вечната листа останува само неговиот сонародник Карлос Марчена, кој со Шпанија беше непоразен на дури 57 последователни натпревари во периодот од 2003 до 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TSN (@tsn_official)

На прв поглед, овој подвиг изгледа невозможно, особено ако се знае дека Шпанија од 2019 година наваму претрпе неколку порази  од Јапонија на Светското првенство во Катар, од Шкотска во квалификациите, како и во пријателскиот натпревар против Колумбија.

Но, токму тука се крие необичната случајност, која многумина ја нарекуваат и вистинска магија. На ниту еден од тие натпревари Фабијан Руиз не беше на теренот. Или остануваше на клупата, или воопшто не беше повикан во составот. Секогаш кога настапувал, Шпанија најмалку останувала непоразена, а најчесто славела победа.

ВИДЕО | Французите се жалат, сметаат дека пеналот не требало да биде досуден

Шпанија вчера само ја продолжи доминацијата над Франција, Јамал е кошмар за Мбапе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот