ВИДЕО | Французите се жалат, сметаат дека пеналот не требало да биде досуден
Шпанија ја совлада Франција со 2:0 и обезбеди пласман во финалето на Светското првенство, но по натпреварот во францускиот табор најмногу се зборуваше за судиските одлуки.
Препорачано
„Фуријата“ поведе во 22. минута преку Микел Ојарсабал од пенал, а конечните 2:0 ги постави Педро Поро во 58. минута. Во големото финале, Шпанија ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Аргентина и Англија.
Поразот тешко им падна на Французите, а најгласен во критиките беше селекторот Дидие Дешамп, кој не го криеше незадоволството од арбитражата на Иван Бартон од Ел Салвадор.
„Денеска нема да давам одговори, туку ќе поставувам прашања. Дали сметате дека овој судија беше на нивото на полуфинале на Светско првенство?. И ова не го кажувам затоа што загубивме“, рече меѓу другото, францускиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот.
Французите сметаат дека најстрогата казна од која Шпанија го отвори резултатот во првото полувреме е досудена престрого, бидејќи Лукас Диње при обид да ја расчисти опасноста не го забележал Ламин Јамал, кој му се нашол зад грб.
Во францускиот табор дополнително тврдат дека контактот бил ненамерен, но и дека Јамал претходно играл со рака, поради што, според нив, акцијата требало да биде прекината. Сепак, главниот судија веднаш покажа на белата точка, а по кратка проверка од ВАР остана на својата првична одлука.
How tf did they give a penalty when the ball literally touched yamal’s hand before the foul??pic.twitter.com/b4h1sO4ik7 https://t.co/fKvVibeLs2
— AB⚕ (@AbsoluteBruno) July 14, 2026


