Американците не можат без шоу, паузата на полувремето во финалето ќе трае 25 минути
Полувремето на финалето на Светското првенство, кое ќе се одигра в недела на стадионот „Њујорк Њу Џерси“, ќе трае подолго од вообичаеното поради спектакуларна музичка програма слична од шоуто на Супербоул.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според информации од ФИФА паузата меѓу двете полувремиња би требало да трае меѓу 20 и 25 минути, а во тој период ќе биде одржан 11-минутен музички спектакл. Главни ѕвезди на настапот ќе бидат Мадона, Шакира и јужнокорејската група БТС.
Од ФИФА наведуваат дека се разгледуваат неколку можности, меѓу кои и музичката програма да започне веднаш по стандардната 15-минутна пауза, со што полувремето би било дополнително продолжено.
Сепак, правилата на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) јасно предвидуваат дека одморот меѓу двете полувремиња не смее да трае подолго од 15 минути.
Слична практика беше применета и на минатогодишното финале на Светското клупско првенство, исто така организирано од ФИФА и одржано во Њу Џерси. Тогаш паузата траеше вкупно 24 минути, а настапија „Колдплеј“, Џеј Балвин, Доџа Кет, Темс и Емануел Кели.
Во меѓувреме, на програмата за финалето на Светското првенство се приклучи и Џастин Бибер. Освен главните изведувачи, ќе настапат и Бурна Бој, Густаво Дудамел, хорот PS22, како и членовите на „Колдплеј“. Целиот музички спектакл е осмислен и продуциран од фронтменот на британскиот бенд, Крис Мартин.
Со продолжувањето на паузата меѓу двете полувремиња, ФИФА практично ќе отстапи од сопствените фудбалски правила, според кои полувремето треба да трае најмногу 15 минути.
Големото финале ќе започне во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по средноевропско време, додека свечената церемонија пред натпреварот ќе стартува час и половина порано.
Во спектакуларната церемонија ќе учествуваат уште и: Том Круз, Лаура Паузини, Никол Шерцингер, Роби Вилијамс и интернет-ѕвездата „IShowSpeed“, додека американската химна ќе ја изведе Џенифер Хадсон.
Ќе потсетиме, Шпанија веќе го обезбеди своето место во финалето и таму го чека подобриот од вечерашното второ полуфинале помеѓу Англија и Аргентина.
ВИДЕО | Успех или пораз, ништо не менува во Франција – повторно имаше хаос и немири
Фабијан Руиз е во неверојатна низа — кога е тој на теренот, Шпанија никогаш не губи
ВИДЕО | Магијата на Мундијалот: Англичанец ја продал куќата само за да отпатува во САД


