Аргентина/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Бура пред полуфиналето: милиони навивачи бараат Аргентина да биде исфрлена од Светското првенство

Додека фудбалскиот свет ги брои часовите до големото полуфинале меѓу Аргентина и Англија, тензиите не растат само на теренот. Актуелниот светски шампион се најде во центарот на нова контроверза, откако на интернет се појави иницијатива со која се бара негово исклучување од Мундијалот, а нејзините автори тврдат дека собрале повеќе од 2,5 милиони потписи.

Поддржувачите на иницијативата ги обвинуваат ФИФА и судиите дека имаат привилегиран однос кон Лионел Меси и аргентинската репрезентација, тврдејќи дека останатите селекции немаат еднакви услови во борбата за трофејот.

Сепак, бројката на потписи не може независно да се потврди. Петицијата не е објавена на позната платформа како Change.org, туку на посебна интернет-страница наречена „ArgentinaOut“, каде потпишувањето не бара регистрација или проверка на идентитетот.

ВИДЕО | Магијата на Мундијалот: Англичанец ја продал куќата само за да отпатува во САД

Авторите наведуваат повеќе причини поради кои сметаат дека Аргентина треба да биде отстранета од турнирот. Меѓу нив се тврдења за судиски одлуки во корист на „гаучосите“, наводно полесен пат до полуфиналето, како и бројот на досудени пенали за Аргентина на последните Светски првенства.

Во петицијата се споменуваат и обвинувања поврзани со однесувањето на дел од аргентинските навивачи, со објавени видеа и фотографии за кои авторите тврдат дека покажуваат несоодветно однесување на трибините.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Франција падна пред шпанската армада – „црвената фурија“ оди по светската круна!

Дополнително, се наведуваат и тврдења за наводни неправилности во работата на Аргентинската фудбалска асоцијација, но за ниту едно од овие обвинувања нема официјална потврда или доказ дека Аргентина системски била фаворизирана.

ФИФА засега нема објавено дека разгледува какви било санкции против светскиот шампион. Сепак, петицијата успеа да привлече големо внимание и стана една од главните теми во пресрет на дуелот со Англија, натпревар кој веќе сам по себе носи огромен историски и фудбалски набој.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Шпанија против Франција – битка на две фудбалски филозофии за место во финалето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот