Лина Ѓорческа/Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа по речиси три часа борба елиминирана во првото коло од челинџер во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот уште во првото коло на челинџер турнирот во Рим, откако по голема борба беше поразена од домашната тенисерка Дебора Киеза со 2:1 во сетови.

Дуелот траеше речиси три часа и понуди неизвесна игра, а Ѓорческа подобро го отвори мечот. Во првиот сет двете тенисерки имаа проблеми на свој сервис и до резултат 3:3 по двапати си направија брејк, по што сетот беше решен во тај-брејк. Македонската тенисерка таму доминираше и со убедливи 7:1 го доби тај-брејкот за водство од 1:0 во сетови.

Сепак, Киеза успеа да се врати во продолжението. Во вториот сет Италијанката направи четири брејка, додека Ѓорческа возврати со три, што беше доволно домашната претставничка да го добие сетот со 6:3 и да израмни на 1:1.

Во решавачкиот сет Киеза повторно славеше со 6:3, со што обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Рим. За Ѓорческа ова беше прв настап по учеството на Вимблдон, каде што стигна до главната ждрепка, а во првото коло беше елиминирана од Аманда Анисимова.

Ѓорческа загуби, но доби пофалби од Анисимова

ИНТЕРВЈУ | Лина Ѓорческа: Нема време за одмор, интензивно се подготвувам за турнири во Италија и за УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот