Фото: Инстаграм/Букет Озгунлу

ВИДЕО | Најслаткото нешто што ќе го видите денеска — Турчинка направила воз за кучиња со инвалидитет

Љубителка на животни од Турција изгради необичен „воз“ од пластични буриња за секојдневно да ги вози кучињата со инвалидитет згрижени во прифатилиште во близина на Анкара.

Букет Озгунлу, претседателка на Здружението „Шепи што се држат до животот“, на теренско возило прикачила импровизирани приколки направени од пластични буриња, во кои секој ден ги вози кучињата надвор од прифатилиштето.

Таа верува дека, исто како и луѓето, и животните имаат потреба од промена на околината, а доколку не можат да се движат самостојно, возењето може да им донесе радост.

„Така се роди идејата за возот. И мојот татко е парализиран и лице со попреченост. Почувствувавме потреба да го изнесуваме надвор и да го прошетаме. Потоа си реков дека и нашите кучиња не гледаат ништо надвор од прифатилиштето и сигурно го посакуваат истото. Тие што имаат инвалидитет се и повеќе трауматизирани и поинаку ги доживуваат емоциите“, изјави Озгунлу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Buket Özgünlü (@kopekvelisiii)


Во прифатилиштето се згрижени 560 кучиња спасени од улиците, од кои околу 300 имаат физички повреди или трајни последици што им го отежнуваат движењето.

„Можам да кажам дека сите нив ги спасивме од сигурна смрт“, рече таа.

Озгунлу и останатите вработени ги обоиле пластичните буриња во живописни бои, а планираат да постават и тенда што ќе им обезбеди сенка на кучињата за време на возењето и ќе го направи нивното секојдневно патување уште попријатно.

Научниците развија метод за проценка на анксиозноста кај кучињата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот