Фото: EPA/Jan Langhaug NORWAY OUT

ВИДЕО | Норвешките фудбалери во Осло беа пречекани како национални херои

И покрај елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство, норвешките фудбалери беа пречекани како вистински херои по враќањето во својата земја.

Илјадници навивачи ги исполнија улиците на Осло за да им оддадат признание на репрезентативците за историскиот настап на Мундијалот. По пристигнувањето, фудбалерите се упатија кон Кралската палата, каде што ги пречекаа кралот и членовите на норвешкото кралско семејство.

Со свечениот пречек беше одбележан најголемиот успех на норвешката репрезентација во модерната историја. Норвешка го заврши настапот на Светското првенство со пораз од Англија со 2:1 по продолженија. По 90 минути игра резултатот беше 1:1, но Англичаните во дополнителното време успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето.

Приказна за лојалност и скромност: Знаете ли зошто Олисе на Инстаграм нема професионални фотографии од Мундијалот?

Нови детали за скандалот — црвениот картон на Балогун го поништил само еден човек од комисија со 18 члена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот