Расправија на пар додека се на одмор / Фото: Profimedia

Се карате на одмор со партнерот? Психолог открива пет најчести причини и како да ги избегнете

Одморот треба да биде време за опуштање, уживање и бегство од секојдневниот стрес. Но, токму тогаш многу парови влегуваат во расправии, иако очекувале романтично и безгрижно патување.

Психологот д-р Каролајн Кинан, во соработка со компанијата за аеродромски превоз „Хопа“, ги издвојува петте најчести причини поради кои паровите се расправаат за време на одморите, но и советува како тие конфликти можат да се спречат, пишува „Вајс“.

Очекувањата честопати се нереални

Многу парови заминуваат на патување со уверување дека сè ќе биде совршено. Според д-р Кинан, токму високите очекувања можат да доведат до разочарување кога ќе се појават непредвидени ситуации, како доцнење на летот, лошо сместување или лошо време. Колку се поголеми очекувањата, толку е помала толеранцијата кон проблемите што неизбежно можат да се случат.

Не секој го замислува одморот на ист начин

Иако многумина претпоставуваат дека сакаат ист вид одмор, во пракса тоа често не е така. Едниот партнер можеби сака постојано да разгледува знаменитости и да истражува нови места, додека другиот сака да се одмора покрај базен или на плажа. Различните навики, нивоа на енергија и ставови околу трошењето пари лесно можат да предизвикаат несогласувања доколку однапред не се разговара за очекувањата.

Премногу време заедно може да создаде тензии

Одморот значи речиси непрекинато поминување време заедно, без вообичаените дневни рутини и личен простор. Според психологот, и најстабилните врски имаат граница кога станува збор за постојаната блискост. Малите навики или ситните нервози, кои дома лесно се надминуваат, на одмор можат да станат причина за поголеми конфликти.

Разговорот пред патувањето може да спречи расправии

Д-р Кинан советува партнерите уште пред поаѓањето да разговараат за тоа што очекуваат од одморот и да направат флексибилен план што ќе ги земе предвид желбите на двајцата. Исто така, не е неопходно секој момент да го поминуваат заедно. Кратките разговори за тоа како се чувствуваат во текот на патувањето можат навреме да ги спречат недоразбирањата.

Не е важно кој е во право

Доколку сепак дојде до расправија, најважно е целта да не биде победа во конфликтот, туку зачувување на добрата атмосфера за време на одморот. Психологот препорачува најпрво да се смири ситуацијата, внимателно да се сослуша партнерот и да се потсети причината поради која заедно тргнале на патување. Една кавга не мора да го уништи целиот одмор.

Нова „закана“ за вашите емоции: Знаете ли што е „Фекстинг“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот