Се сомневате во партнерот? Ова е најважниот знак дека сте во вистинската врска
Добрата врска и вистинската врска не се секогаш исто. Истражувањата покажуваат дека разликата се сведува на едно прашање – дали вашиот партнер навистина ве познава и ве разбира?
Препорачано
Џулијана Шредер и нејзините колеги од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, со години се обидувале да откријат што навистина го одредува задоволството од врската, пишува „Вајс“. Нивните наоди, објавени во 2024 година во списанието „Џурнал оф експериментал соушал сајколоџи“, биле изненадувачки. Во седум истражувања, во кои учествувале романтични партнери, пријатели и членови на семејството, единствената променлива што доследно го предвидувала квалитетот на односот немала никаква врска со тоа колку добро вие ја разбирате другата личност. Најважно било дали чувствувате дека другата личност ве разбира вас.
Тоа го менува вообичаеното сфаќање. Повеќето луѓе мислат дека градењето на една врска е насочено кон другиот – да бидете потрпеливи, покомуникативни и повнимателни. Но, податоците покажуваат дека она што навистина му е потребно на човекот е да чувствува дека неговиот партнер го познава до срж.
Долгорочно истражување објавено во списанието „Психосоматик медисин“ следело повеќе од 1.200 возрасни лица во период од две децении. Резултатите покажале дека луѓето кои постојано се чувствувале незабележани или неразбрани од своите партнери со текот на времето покажувале сè поголеми тешкотии во емоционалната регулација, што на крајот било поврзано со поголем ризик од смртност од сите причини. Истражувањето не ги мерело конфликтите или очигледните предупредувачки знаци во врската. Го мерело чувството дали луѓето се чувствуваат навистина разбрани.
Харвардската студија за развојот на возрасните, која ги следела учесниците повеќе од 80 години, покажала дека квалитетот на врските на 50-годишна возраст бил посигурен показател за физичкото здравје на 80 години отколку нивото на холестерол, приходите или професионалниот успех. Кој е покрај вас е поважно отколку што повеќето луѓе мислат.
Психолозите имаат термин за односот во кој партнерот го гледа тоа што можете да станете и се однесува кон вас како кон таа личност, а не само како кон она што сте во моментот. Тоа се нарекува „Микеланџело ефект“, а истражувања што следеле парови од младоста па сè до нивните деведесетти години покажале дека овој ефект бил присутен во секоја животна фаза. Начинот на кој вашиот партнер ве гледа има моќ да влијае врз тоа каква личност ќе станете.
Кога ќе се погледнат сите овие истражувања заедно, тие повторно се враќаат на истата порака. Една врска може да ги исполнува сите критериуми, а сепак да ве остава со чувство дека личноста спроти вас ве доживува малку погрешно. Тоа можеби изгледа како мала работа. Но, со текот на годините, може да значи сè.
Ве привлекуваат непознати луѓе? Можеби имате сексуална ориентација за која ретко се зборува


