Пјерлуиџи Колина/EPA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

Колина одговори на критиките на Дешан кон судиите на ФИФА

Дидие Дешан на прес-конференцијата по полуфиналниот натпревар против Шпанија, најмногу внимание посвети на судењето на Иван Бартон. Францускиот селектор, кој нагласи дека не сака да изгледа како „плачко“, постави прашање со кое го оспори квалитетот на арбитерот, пренесува „Марка“.

„Не, ова не е затоа што загубивме, но дали мислите дека судијата беше на нивото на едно полуфинале? Тоа е прашање. Треба да го погледнете целиот натпревар, а не само пеналот. Но, нема да навлегувам во тоа“, изјави Дешан и во интервјуата покрај теренот по поразот, а потоа и на прес-конференцијата.

Колина ги брани судиите на ФИФА

Помалку од еден ден подоцна, неговото прашање доби и официјален одговор. Првиот човек на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, јасно му одговори на Дидие Дешан:

„Како одговор на коментарите на Дидие Дешан, со кои го доведе во прашање дали судијата има квалитет да суди полуфинале, ставот на ФИФА е јасен: Да, дефинитивно.“

Поранешниот италијански судија застана во одбрана на Иван Бартон, како и на останатите арбитри кои судат на Светското првенство.

„Нашите судии се од светска класа“, порача Колина.

Еден од најомилените фудбалери во светот не доби ниту една минута на својот последен Мундијал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот