ФОТО | Зендаја како божицата Атена — без впечатлива шминка, а повторно ги освои сите погледи
Зендаја, по којзнае кој пат, модно издоминира на црвениот тепих, овојпат на њујоршката премиера на филмот „Одисеја“ (The Odyssey), каде што се појави со минималистички изглед инспириран од ликот што го толкува – божицата Атена.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерката избра таканаречен „без шминка“ изглед, со акцент на природно блескава кожа, нежно руменило и дискретни усни во неутрална нијанса. Нејзиниот долгогодишен шминкер Ернесто Касиљас откри дека целта била лицето да изгледа свежо, природно и како нежно допрено од сонцето.

„Сакавме кожата да изгледа свежо, сјајно и природно исончано. Шминката беше намерно минимална, а во фокусот беше блескавата кожа и суптилната топлина на местата каде што природно паѓа сонцето“, изјави Касиљас.
Изгледот го надополни долгата плетенка со лежерни прамени околу лицето, дело на нејзиниот фризер Кори Морено, која се спушташе речиси до колковите и дополнително го истакна античкиот стил.

На премиерата Зендаја носеше впечатлива бела креација од модната куќа „Матиер Фекал“, со корсет без прерамки и драматични детали што потсетуваа на крилја. Фустанот е дел од колекцијата есен 2025.
Во текот на промотивната турнеја за „Одисеја“, актерката и нејзиниот тим доследно ги приспособуваат модните и козметичките изданија на темата на филмот. Така, Зендаја веќе се појави со брановидна долга коса, плетенки инспирирани од античка Грција и нежни пастелни тонови во шминката, а нејзиното најново издание уште еднаш потврди дека едноставноста може да биде подеднакво впечатлива како и најдраматичните модни комбинации.
ВИДЕО | Том Холанд го поправи новинарот: „Зендаја не ми е девојка, таа ми е свршеница“


