Васоски: Имаме тежок ривал, но во првиот натпревар покажавме дека знаеме да играме на резултат
Силекс утре на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе го пречека Динамо Минск во реваншот од првото квалификациско коло, со предност од 1:0 стекната на првиот натпревар одигран во Бугарија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во пресрет на дуелот, тренерот на кратовци, Александар Васоски, порача дека неговиот тим е подготвен за предизвикот и покрај силниот противник, нагласувајќи дека целта е да се сочува позитивниот резултат и да се обезбеди место во следната фаза.
„Знаеме што нè очекува. Имаме тежок ривал, но на првиот натпревар покажавме дека знаеме да играме на резултат. Ова е историска шанса за оваа генерација и ќе направиме сè што е во наша моќ да не загубиме. Не би било добро да се браниме од првата минута, а ако ни се укаже можност, ќе се обидеме да постигнеме гол“, изјави Васоски.
Тој посочи дека белорускиот шампион има предност поради континуитетот во натпреварувањето, но смета дека тоа не мора да биде одлучувачки фактор за конечниот исход.
„Противникот е во подобра форма од нас. Имаат одиграно 15 натпревари во првенството и се лидери на табелата. Ние немаме таков ритам, но веруваме дека можеме да се пласираме во следното коло“, додаде Васоски.
Ќе има директен пренос од реваншот на Силекс против Динамо Минск


