Васоски: Имаме тежок ривал, но во првиот натпревар покажавме дека знаеме да играме на резултат
Силекс утре на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе го пречека Динамо Минск во реваншот од првото квалификациско коло, со предност од 1:0 стекната на првиот натпревар одигран во Бугарија. Во пресрет на дуелот, тренерот на кратовци, Александар Васоски, порача дека неговиот тим е подготвен за предизвикот и покрај силниот противник, нагласувајќи дека целта е …

