Романот „Апостол(с)ки“ од Игор Лозаноски зборува за исчезнатата љубов меѓу двајца сопружници
Неодамна од печат излезе првиот роман на младиот поет и прозаист Игор Лозаноски насловен „Апостол(с)ки“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Романот зборува за исчезнатата љубов меѓу двајца сопружници во поодминати години од својот брак, каде што полека започнала доминацијата на сопругата врз сопругот со моќно презиме Апостолски. Станува збор за несекојдневна приказна за доминација која зборува дека репресивноста во интимните односи не познава пол и род.
Игор Лозаноски е поет и прозаист. Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи во приватна фирма во друга струка. Со поезија и проза аматерски почнал да се занимава уште на десет години, за веќе на тринаесет години да знае дека е на вистинскиот пат и дека тоа е неговиот сон.
Првите почетоци му се во 2006 година, кога негови песни се објавени во средношколскиот училиштен весник „Орце Инфо“. Покрај тоа ги има објавено збирките поезија: „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (2018), „Плодови на минатото“ (2020), „Помирување“ (2024), „Соништа што оставаат траги“ (2025), за која ја добил наградата „Бели мугри“; збирките раскази „Исповед на еден телевизор“ (2020), за која ја добил наградата „Новите!“ на издавачката куќа „Темплум“, и „Сончогледите гледаат на запад“ (2021).
Застапен е во повеќе македонски антологии и книжевни списанија. „Апостол(с)ки“ е негов прв роман што е во издание на „Перун Артис“ од Битола.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 340, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19.7.2026)


