ЛДП изразува згрозеност од прес-конференцијата на министерот Филков

Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на вчерашната прес-конференција на министерот за правда – според партијата, Игор Филков наместо да ја информира јавноста за реформите и законските решенија, ја злоупотребил говорницата на Министерството за правда за политичка пресметка со опозициската СДСМ поради бојкотот на состанокот на работната група за Изборниот законик.

Претставникот на ЛДП во работната група, Дејанчо Цветановски, изјави:

„Со неверување го следев тоа што го кажуваше министерот, затоа што тоа беше негов личен или партиски став, а никако не заеднички договорен текст од името на работната група. Одлучив дека е подобро да не се прави дополнителен скандал со прекинување на министерот во тој момент, но јасно сакам да порачам дека ова е последен пат ЛДП да биде сведок на настан каде државната функција, платена со пари од сите граѓани, се користи за партиски пресметки“.

ЛДП бара од премиерот Христијан Мицкоски итно да му укаже на министерот за правда Филков и да го дисциплинира за вакво недолично однесување.

„Ваквиот настап ниту гради меѓусебна доверба, ниту придонесува за правото – напротив, директно го урива интегритетот на државната функција и на институцијата. Бараме премиерот сериозно да ја преиспита довербата кон министерот за правда заради сериозното доцнење на реформската агенда. Одговорноста за ова доцнење не е кај опозицијата, ниту кај граѓаните, туку кај менаџментот на министерството“, велат од ЛДП.

Партијата соопштува дека ќе продолжи да учествува конструктивно во реформските процеси, затоа што тоа „им го должи на граѓаните“.

Откако Филипче го услови, Мицкоски објаснува: Техничката влада не се укинува за следните избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот