Родителите вознемирени, анализите во тек: Што стои зад случајот во градинката во Брајковци?

Вознемиреност кај родителите предизвика случајот во клонот „Калинка“ во селото Брајковци, каде што кај шест деца во текот на денот се појавиле симптоми на повраќање.

Од ЈОУДГ „Калинка“ соопштија дека веднаш по појавата на симптомите биле известени родителите и биле преземени сите мерки согласно протоколите, а децата добиле навремена медицинска грижа.

Случајот веднаш бил пријавен до надлежните институции, по што инспекциските служби извршиле вонреден надзор и земале примероци за лабораториски анализи. Засега нема официјално потврдена причина за појавата на симптомите.

Во соопштението се наведува и дека едно од децата кај кое се појавиле симптоми воопшто не било присутно во градинката тој ден, а слични симптоми биле пријавени и кај повеќе членови на семејствата, што исто така ќе биде предмет на испитување.

Од градинката апелираат до јавноста да не се шират непроверени информации и да се почекаат официјалните резултати од анализите, кои се очекуваат во наредните денови.

Според информациите од установата, сите деца се во добра здравствена состојба.

Шест деца од градинката „Калинка“ во Брајковци вчера ручале макарони со месо, па завршиле во болница на инфузија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот