Нема повеќе региони во светот поштедени од терористички напади- вели претставник на ООН

Терористичките закани се менуваат, но тие сè уште се присутни низ целиот свет, изјави вршителот на должноста заменик-генерален секретар на ОН за борба против тероризмот Александар Зуев.

Тој додаде дека терористичките закани се развиваат и се менуваат, но тие постојат низ целиот свет и денес нема регион што не е изложен на терористички напади, пренесува ТАСС.  Зуев ги наведе Западна Африка и Сахел, како и Блискиот Исток, како приоритетни региони за Канцеларијата на ОН за борба против тероризмот.

Како што објасни вршителот на должноста заменик-генерален секретар на ОН, фокусот на Западна Африка и Сахел е условен од „многу сериозни причини“.

Тој истакна дека до 2025 година, повеќе од 50 проценти од смртните случаи предизвикани од терористички напади во светот ќе се случат во тој регион.

Според Зујев, што се однесува до Блискиот Исток, тој традиционално бил во фокусот на вниманието, особено во периодот кога поранешната Исламска држава добивала сила и контролирала значајни територии во Ирак и северна Сирија.

-Сега ситуацијата таму е повеќе или помалку стабилизирана, иако терористичките напади продолжуваат во двете земји- објасни Зујев, пренесува Танјуг.

Претставникот на ОН истакна дека граѓани на десетици земји, вклучително и луѓе од Централна Азија, се наоѓаат во кампови во Сирија и Ирак.

-Сепак, тука, заедно со владите на земјите од Централна Азија, успеавме да постигнеме одреден напредок, бидејќи овие луѓе беа повикани на одговорност, вратени во својата татковина, поминаа низ процесот на социјална рехабилитација и реинтегрирани во општеството. Ова е секако позитивен чекор, но процесот сè уште не е целосно завршен- нагласи тој.

Зујев, исто така, зборуваше за плановите за дискусија за понатамошните чекори во оваа област со претставници на земјите од Централна Азија во Москва.

Америка ќе ја насочи борбата против тероризмот кон левичарските групи, најави Рубио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот