Фото: Фејсбук

Муцунски – Ландау: Продлабочување на билатералните односи и соработката во НАТО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку објава на Фејсбук информираше дека во рамки на работната посета на Вашингтон остварил средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

Муцунски посочи дека Северна Македонија и САД имаат блиски и усогласени ставови за низа политички, економски и безбедносни прашања. На средбата, како што наведува, била потврдена заедничката определба за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство и унапредување на билатералната соработка во интерес на граѓаните на двете земји.

Во фокусот на разговорите биле конкретни области од заемен интерес, меѓу кои одбраната и сојузништвото во рамки на НАТО, економската соработка, енергетиката и регионалната поврзаност.

-Разменивме мислења и за состојбите во регионот, како и за значењето на континуираниот ангажман на САД за зачувување на мирот, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан- наведува Муцунски во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот