Шишиња пиво/ Фото: ФриПик

Почна 23-тиот Пивофест во Прилеп, три дена музика, пиво и забава со регионални ѕвезди

Со бројни посетители од повеќе градови во земјава и гости од странство, во празнична атмосфера со музика, пиво и традиционална скара, во Прилеп започна 23-тото издание на Пивофест. Организаторите најавуваат тридневна забава исполнета со настапи на познати музички имиња од Македонија и Балканот.

Фестивалот беше официјално отворен синоќа, а прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски им посака на посетителите настанот да го паметат по добрата атмосфера, храната, пијалаците и позитивните емоции што ги носи фестивалот.

-Означуваме старт на 23-тото издание на Фестивалот на пивото во Прилеп. Имаме гости од повеќе страни и се надевам дека и во следните фестивалски денови ќе има посетители од странство. Најважно е сите да понесат убави спомени од Прилеп – добра забава, добра храна и пријатна атмосфера- изјави Проданоски.

Дел од музичката програма е и настапот на Огнен Здравковски, кој оваа година се најде на фестивалската сцена, откако претходно како средношколец го посетувал Пивофест како гостин.

-Со воз доаѓавме да бидеме дел од атмосферата на Пивофест, а сега имам можност како музичар да настапам пред публиката. Благодарен сум и им посакувам успех на сите- рече Здравковски.

На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Посетителите во следните фестивалски вечери ги очекува богата музичка програма со настапи на повеќе македонски и балкански изведувачи. Организаторите очекуваат илјадници гости до завршувањето на манифестацијата во недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот