Џеј Зи и Бијонсе на премиера / Фото: Lisa O'CONNOR / AFP / Profimedia

Маж со голема брзина влетал во влезната капија на имотот на Џеј-Зи и Бијонсе

Драматичен инцидент се случил на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон, Њујорк, откако 63-годишен маж со голема брзина влетал со автомобил во влезната капија на нивната луксузна вила.

Според полицискиот извештај, до кој дошол Ти-ем-зи, возачот со голема брзина се движел по патеката што води до куќата и директно удрил во автоматската капија, при што била предизвикана значителна материјална штета.

Полицијата соопштила дека мажот воопшто не закочил пред ударот. Автомобилот бил одземен, а возачот бил уапсен и пренесен во болницата „Стони Брук“ поради болки.

Детективката Џенифер Дан, која била меѓу полицајците што интервенирале, за „Пејџ сикс“ изјавила дека мажот делувал збунето.

„Не упати никакви закани, ниту ги спомна имињата на жителите на куќата. Можно е случајно да го избрал токму тој имот, доколку навистина имал здравствен проблем“, рекла Дан.

Таа додала дека непосредно пред инцидентот мажот застанал и пред друга куќа во близина, барајќи жена која воопшто не живеела таму.

Против него се поднесени обвиненија за кривично дело предизвикување материјална штета и прекршок поради неовластено влегување на туѓ имот.

Засега не е познато дали Бијонсе и Џеј-Зи биле во домот во моментот на инцидентот.

ВИДЕО | Мажот што ѝ украде необјавена музика и лични предмети на Бијонсе осуден на две години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот