ВИДЕО | Мажот што ги украде необјавената музика и личните предмети на Бијонсе осуден на две години затвор
Мажот кој провали во автомобил и украде хард-дискови со необјавена музика на Бијонсе е осуден на две години затворска казна. Келвин Еванс (41) ја призна вината за обвиненијата кои вклучуваат провала во возило и неовластен влез на имот во Атланта, Џорџија. Покрај затворската казна, судијата му одреди и дополнителни три години условна казна, пренесува „Би-би-си“. …

