Jaмал и Мбапе/EPA/CHRISTOPHER NEUNDORF

Мбапе: Разбирам зошто луѓето мислат дека не го почитувавме дресот, но реагиравме човечки

Англија го освои третото место на Светското првенство, откако во вистински фудбалски спектакл во Мајами ја совлада Франција со 6:4 и така го освои бронзениот медал.

„Гордиот Албион“ уште во првото полувреме стекна убедлива предност од 4:0, но Французите во продолжението се разбудија и успеаја да намалат на 4:3, притоа пропуштајќи неколку стопроцентни шанси за целосен пресврт. Сепак, Англичаните успеаја да ја задржат контролата и на крајот да слават со 6:4.

Килијан Мбапе двапати ја затресе мрежата, а асистираше и за голот на Бредли Баркола, додека четвртиот погодок за Франција беше дело на Усман Дембеле. Со двата гола, Мбапе стигна до вкупно 22 погодоци на Светските првенства и стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите, надминувајќи го Лионел Меси, кој има 21 гол, но Аргентинецот вечерва го чека и големото финале против Шпанија во кое ќе може повторно да се врати на врвот.

Француските навивачи жестоко го критикуваа настапот на својата репрезентација во првите 45 минути, оценувајќи дека играчите не покажале доволно борбеност и почит кон националниот дрес.

„Одигравме две сосема различни полувремиња. Разбирам зошто луѓето велат дека се однесувавме несериозно и дека не го почитувавме дресот, но мислам дека едноставно реагиравме човечки. За жал, на ова ниво тоа не смееме да си го дозволиме. Целосно се исклучивме од натпреварот, а Англичаните нè разбудија. Потоа покажавме што знаеме и го добивме второто полувреме, но тоа не беше доволно за конечен триумф“, изјави Мбапе.

Тој додаде дека најмногу жали поради селекторот Дидие Дешан.

„Сакавме да направиме нешто за него, но првото полувреме остава впечаток дека го разочаравме. Тоа не беше нашата намера. Таков е фудбалот. Му благодариме за сè што направи за оваа репрезентација. Еден ваков натпревар нема да ја наруши легендата на Дидие Дешан“, порача францускиот капитен.

ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција

Сѐ е подготвено за спектаклот на годината: Аргентина и Шпанија вечерва играат за светска титула

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот