Тоше Проески за време на националниот Избор на песна за Евровизија / 14 февруари 2004 / Фото: EPA/VLATKO PERKOSKI

ФОТО | Семејството на Тоше Проески се огласи: „Не наседнувајте на манипулации со неговото име“

Семејството на Тоше Проески јавно се огласи откако на платформата „Ивентим Хрватска“ беше објавена информација за концерт во чест на македонската музичка ѕвезда во Сплит, под наслов „Тоше засекогаш – музика која живее“ (Toše Forever – Glazba Koja Živi).

Концертот навистина е понуден во продажба преку „Ивентим“, но семејството тврди дека нема никаква поврзаност со него.

Во соопштението, објавено од сестрата на Тоше, Дора Проеска, се наведува дека информациите поврзани со концертот не се точни.

„Јавно и недвосмислено сакаме да ве известиме дека оваа информација не е точна. Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат ниту службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата“, стои во објавата.

Семејството нагласува дека секој искрен настан организиран во чест на Тоше Проески е доказ дека неговата музика и дело продолжуваат да живеат, но додава дека нема да дозволи, како што наведуваат, „отворена манипулација со неговото име и неговата публика“.

Во пораката упатена до обожавателите, тие апелираат да не наседнуваат на, како што велат, „невистини и комерцијални манипулации што си играат со емоциите на сите што го сакаат Тоше Проески“.

Фото: Инстаграм/Дора Проеска

„Малечок бев и уште не знаев дека плачат и возрасни“: Владо Јаневски три децении го пишуваше она што сите го чувствувавме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот