Р. Кели/Доналд Трамп/Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY/Rawpixel / CC0

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд Трамп да ја ублажи неговата 30-годишна затворска казна, покажуваат најновите судски записи објавени оваа недела од Канцеларијата на адвокатот за помилување.

Како што пренесува „Чикаго трибјун“, ова барање е официјално поднесено како „во тек“ и не бара од претседателот на Соединетите Американски Држави целосно помилување, туку намалена казна.

Правниот тим на поранешната ар-ен-би ѕвезда го направи очајничкиот потег повеќе од една година откако неговиот адвокат, Бо Бриндли, поднесе итно барање за преместување на пејачот во домашен притвор, тврдејќи дека во федералниот затворн животот му е во  директна опасност.

Во официјалните судски документи, тимот на одбраната на Кели приложила шокантна изјава под заклетва од еден терминално болен затвореник. Според неговите зборови, затворските службеници му понудиле слобода во последните денови од животот, но под еден морничав услов, да го убие Р. Кели.

Затвореникот тврдел дека планот за ликвидација бил смислен бидејќи надлежните верувале дека Кели и неговите адвокати планираат да ги откријат компромитирачките информации за корупцијата во затворот. Одбраната, исто така, ја обвинила државата за тешко кршење на адвокатските тајни и пресретнување на личната преписка на пејачот.

Откако овие обвинувања се изнесени во јавност, адвокатот на Кели, Бо Бриндли, изјавил за медиумите дека пејачот бил експресно „казнет“ со испраќање во самица, поради што одлучил да се обрати директно во Белата куќа.

Во разговорот за „Вариети“, адвокатот Бо Бриндли објаснил зошто верува дека токму Доналд Трамп ќе има разбирање за случајот на својот клиент.

– Мислам дека тоа е особено интересно за претседателот Трамп бидејќи, за разлика од повеќето луѓе кои пристапуваат кон ова со доза на скептицизам, тој има лично единствено разбирање за тоа како е да се биде жртва на обвинителството и да се помине низ тоа искуство преку коруптивни и криминални хакерски напади – рекол Бриндли и додал:

– Тој разбира како е тоа, и кога знае дека ескалира до точка на смртни закани за да се скрие корупцијата што се обидуваме да ја искорениме, тој можеби е единствената личност што ќе има храброст да го повлече чкрапалото и да каже дека сака тоа веднаш да го запре.

Паралелно со ова, одбраната поднела и барање за ново судење, тврдејќи дека обвинителите директно влијаеле на пресудата со заговор и нелегално крадење на затворската преписка на славниот пејач.

Да потсетиме, музичарот Р. Кели, чие целосно име е Роберт Силвестер Кели, беше осуден во септември 2021 година по девет точки од обвинението, меѓу кои и рекетирање, кршење на Законот Ман и системска сексуална експлоатација на деца.

Во јуни 2022 година беше осуден на 30 години затвор. Веќе во февруари 2023 година, на посебно судење Кели доби уште 20 години затвор за сексуални злосторства на деца, но судијата пресуди дека двете казни ќе ги отслужи истовремено, што значи дека има три децении живот зад решетки.

Р.Кели обвинет за сексуално злоставување на малолетно момче и принудувал жени

Познатиот музичар Р. Кели осуден на 30 години затвор за заведување на малолетници и рекет

Вознемирувачка исповед на ќерката на Р. Кели: „Татко ми сексуално ме малтретираше, ми беше страв да ѝ кажам на мајка ми“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот