Р.Кели обвинет за сексуално злоставување на малолетно момче и принудувал жени

r kelly
Фото: Принтскрин/Instagram

Американската музичка ѕвезда Р. Кели се соочува со нови обвинувања за сексуално злоставување. Пејачот е обвинет дека во 2016 година икористил 17-годишен тинејџер откако се запознал со него во Мекдоналдс, како и дека принудил неколку жени да имаат односи со друг млад човек додека тој ги снимал.

Обвинителството тврди дека пејачот злоупотребил тинејџер кој го запознал во Чикаго во 2006 година, пренесува „Би-Би-Си“. Тие сакаат доказите за ова и други наводни злосторства што не се во обвиненијата да бидат разгледани на рочиштето закажано за август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 106 KMEL | #106KMEL (@106kmel)

Судијата допрва треба да донесе одлука дали ќе бидат разгледани новите докази, а Кели е во затвор скоро две години, чекајќи го судењето. Една од најголемите ритам и блуз ѕвезди на деведесеттите негираше дека некогаш злоставувал некого, а неговите адвокати не ги коментираа последните обвинувања.

Роберт Силвестер Кели, попознат како Р. Кели, треба да се појави пред судот во Њујорк следниот месец за случајот кој вклучува сексуална експлоатација на деца, правење непристојни фотографии на малолетници, рекетирање и попречување на судски постапки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News.law (@newsdotlaw)

Обвинителите исто така би сакале поротниците да сослушаат и повеќе од десетина други лица кои тврдат дека Кели ги злоставувал, им се заканувал или ги малтретирала. Меѓу нив е и 17-годишно момче и амбициозен музичар, кој Кели наводно го запознал во Мекдоналдс, а потоа го поканил во неговото студио во Чикаго. Откако му понудил помош во неговата музичка кариера, Р.Кели во тоа време имал сексуален контакт со него. Обвинителите велат дека истиот тинејџер го запознал Кели со пријател, кој имал 16 или 17 години, и со кого пејачот имал сексуална врска неколку години подоцна.

Исто така, во дополнителните обвинувања се наведува дека 54-годишниот пејач принудувал неколку жени, вклучувајќи и малолетничка, да имаат сексуални односи со еден млад човек додека тој ги снимал.

Гласините за сексуално злоставување го следат уште од последната деценија на 20 век, но повеќе обвиненија биле поднесени пред судот само по објавувањето на документарецот „Surviving R Kelly“, на почетокот на 2019 година на „Netflix“.

Голем број колеги и соработници на популарниот американски пејач, танчер, текстописец и актер го критикуваат јавно, давајќи поддршка на неговите жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот