Стефан Богоев / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Жалбата за притворот на Стефан Богоев се уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Жалбата што ја поднесе поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Оттаму велат дека жалбата била проследена до надлежното обвинителство во петокот, но дека јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата.

„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сè уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Богоев е осомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката.

Ќе ги дочекаат ли карпошанки ветените бесплатни прегледи за остеопороза?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот