Илустративно фото

Кобна сообраќајна несреќа во Хрватска: загинаа четворица, двајца се од Загреб

Четворица загинаа, а еден е повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 12:25 часот на северната обиколница Вировитица во Хрватска, објавија хрватските медиуми.

Според досегашните информации, ужасната сообраќајка се случила при судир меѓу две возила. На местото на несреќата бил повикан хеликоптер, но повредениот што го превезувал не преживеал поради сериозноста на повредите.

Во несреќата има и повреден кој е пренесен во болница.

Според неофицијални информации, меѓу загинатите има и двајца од Загреб, чие возило се превртело на покрив, а целиот товар од двата автомобила бил расфрлан по патот.

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот