Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Турски државјанин пронајден мртов во хотелска соба во Скопје

Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

„На 6 јуни околу 16:52 часот, во хотелска соба бил пронајден починатиот С.Е. (63) од Турција, кој престојувал во државата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина“ соопшти МВР.

Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за смртта.

Возач удрил велосипедист, го однел во болница и заминал – на увидот дошол друг и се пријавил дека тој возел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот