Фото: МИА / илустрација

Возач удрил велосипедист, го однел во болница и заминал – на увидот дошол друг и се пријавил дека тој возел

Вистинска драма се случила вчера во Тетовско, кога возач со автомобил удрил велосипедист, го однел во амбуланта и таму го оставил со тешки повреди а тој заминал. Подоцна за време на увидот дошол друг човек и рекол дека тој е возачот на автомобилот, соопшти полицијата.

„На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што си заминал. Потоа А.М. со друго возило бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, а за време на вршењето на увидот, на местото дошол Л.М. (39) од с.Нераште со возилото “фолксваген туран” и се пријавил дека тој учествувал во сообраќајната несреќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Еден ја тепал сопругата, друг ја вознемирувал поранешната — свекор замавнал кон снаата, зет удрил тешта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот