Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Дарио Ивановски победник на полумаратонот на „Охрид трчаТ“

Се одржа 10 јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ кој повторно деновите е во центар на спортот и рекреацијата. Оваа спортска манифестација низ годините прерасна во препознатлив бренд и една од најмасовните во Македонија.

Годинава имаше над 2.700 натпреварувачи од 30 држави, што уште еднаш ја потврдува меѓународната препознатливост на настанот и неговото значење за туристичкиот, спортскиот и економскиот развој на градот Охрид.

Победник во машка конкуренција на трката од 21 килиметар со време од еден час 10 минути и 46 секунди триумфираше македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.

Кај жените на трката од 21 километар најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време од еден час, 31 минути и 35 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот