Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Резервните играчи на Мундијалот би можеле да ги следат мечевите од соблекувалната

Светското фудбалско во САД, Мексико и Канада би можело да донесе нешто невидено во светот на фудбалот. Поради екстремната топлина што се очекува во некои американски градови, неколку национални тимови ја разгледуваат можноста резервните играчи да ги следат натпреварите од соблекувалната.

Ова е потег што би бил преседан на Мундијалот, наместо резервните играчи бидат покрај теренот, некои би можеле да останат во климатизирани соблекувални за да избегнат изложеност на високи температури.

Планот треба да функционира така што играчите би останале во соблекувалната. Доколку селекторот одлучи дека еден од нив треба да влезе во играта, помошникот би отишол да го повика да се загрее.

Ова сценарио најдобро покажува колку тешки можат да бидат условите на ова Светско првенство. Турнирот се игра во текот на летото, а некои градови и датуми би можеле да донесат високи температури, што е дополнителен предизвик за тренерите и медицинските служби.

Иако би било невообичаено за многумина да видат празни клупи за време на првенството, тренерите првенствено размислуваат за здравјето на играчите. Резервите го поминуваат поголемиот дел од натпреварот седејќи на сонце, а потоа мора да излезат на теренот во краток рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот