Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ВИДЕО | Меси од клупата ја гледаше победата на Аргентина против Хондурас

Фудбалерите на Аргентина ја победија Хондурас со 2:0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Светското првенство.

Аргентина рутински стигна до победата, во првото полувреме Лаутаро Мартинез беше сигурен од пенал за да им донесе водство на „гаучосите“ во 37 минута.

Потоа во второто полувреме Џулијано Симеоне ја потврди победата во 54 минута, кога постигна гол за 2:0, а беше и асистент на првиот гол.

Најдобриот играч на Аргентина, Лионел Меси, го гледаше овој натпревар од клупата и не влезе во игра.

Актуелниот светски шампион има уште натпревар против Исланд во среда, а потоа се свртуваат кон своите обврски на Светското првенство.

Првиот меч на Аргентина на Мундијалот ќе биде против Алжир на 17 јуни. Аргентина е во групата Ј со репрезентациите на Алжир, Австрија и Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот