Фото: Screenshot

ВИДЕО | Босанците направија спектакуларна атмосфера на генералката пред Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ремизираше 1:1 против Панама во последниот контролен натпревар пред почетокот на Светското првенство.

Иако Мундијалот сè уште не започнал, босанските навивачи веќе привлекуваат големо внимание и приредија навистина фантастична атмосфера.

На теренот, двата погодоци беа постигнати во првите 45 минути. БиХ поведе во 23. минута преку Катиќ, кој ја затресе мрежата на Панама за 1:0. Сепак, непосредно пред заминувањето на пауза, Рамос успеа да израмни и да ги постави конечните 1:1.

Босанската репрезентација настапот на Светското првенство ќе го отвори во петок, кога ќе се соочи со домаќинот Канада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот