Португалија-Чиле/EPA/JOSE SENA GOULAO

ВИДЕО | Португалија без Роналдо даде два гола и го победи Чиле, Германија подобра од САД

Германија и Португалија со победи ги завршија подготовките за Светското првенство, совладувајќи ги САД и Чиле во последните контролни натпревари пред стартот на Мундијалот.

Германците славеа со 2:1 против САД откако одлично го отворија натпреварот, а главна фигура беше Каи Хаверц кој, по примерот од финалето во Лигата на шампионите, повторно се запиша во листата на стрелците уште во втората минута за водство од 1:0.

Американците возвратија во 37. минута преку Робинсон, кој постигна вистинска евро-голсо силен удар од далечина за израмнување на резултатот. Сепак, Хаверц повторно беше во центарот на вниманието во второто полувреме. Во 57. минута тој асистираше до Лерој Сане, кој ја затресе мрежата за конечни 2:1.


Победа забележа и Португалија, која со ист резултат го совлада Чиле. Иако Кристијано Роналдо беше стартер и го одигра првото полувреме, Португалците не успеаја да ја материјализираат доминацијата пред паузата.

Финишот на првиот дел го одбележа инцидент на теренот, по кој црвени картони добија Рафаел Леао и чилеанскиот фудбалер Роман Иван.

Резултатот беше отворен во 58. минута кога Гонзало Гуедеш, кој на теренот влезе на местото на Роналдо, погоди за водство на Португалија. До крајот беа постигнати уште два гола, а европската селекција успеа да ја зачува предноста и да стигне до победа од 2:1.

ВИДЕО | Босанците направија спектакуларна атмосфера на генералката пред Мундијалот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот