Денеска и утре „Лајка-Фест“ во Градски парк – едукација за сопствениците и можност за вдомување на миленик
По вчерашната панел-дискусија во Град Скопје, јавното претпријатие „Лајка“ денеска и утре организира едукативно-забавен настан „Лајка-Фест“ во Градски парк, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што информираат од „Лајка“, присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, зона за обука и дресура, детска зона со интерактивни активности и главна сцена со натпревари, игри и забавна програма.
Детската зона „Растеме со љубов“ е, како што велат од претпријатието простор каде најмладите преку игра, креативни активности и директна интеракција со животните ќе учат за грижата, емпатијата и одговорноста.
-Веруваме дека едукацијата уште од најмала возраст е еден од најважните чекори кон создавање похумано и поодговорно општество. Токму децата што денес учат како правилно да пријдат на куче, како да се грижат за миленик и зошто е важна љубовта и почитта кон животните, утре ќе бидат возрасни кои носат подобри и поодговорни одлуки. Преку цртање, едукативни игри, активности со ветеринари и дресери, како и интерактивни содржини, децата ќе имаат можност на забавен и разбирлив начин да научат повеќе за животните и одговорното сопствеништво. Нашата цел е преку позитивно искуство, дружење и едукација да придонесеме кон генерации кои ќе градат повеќе разбирање, грижа и хуманост, велат од ЈП Лајка.
ВИДЕО | Некој чувал волк како миленик во Скопје, избеган се движеше низ Козле
Проблемот со бездомните кучиња, посочуваат оттаму, не започнува на улица. Тој започнува со неодговорно сопствеништво, напуштање, неконтролирано размножување и недостаток на едукација.
-Токму затоа, на Лајка Фест ќе имаме посебна зона посветена на едукација, одговорност и подигнување на јавната свест. Во оваа зона ќе можете да разговарате со тимот на Лајка, да дознаете повеќе за одговорно сопствеништво, да проверите дали сте одговорен сопственик, да научите зошто стерилизацијата и микрочипирањето се важни и да разберете како всушност се решава проблемот со бездомните кучиња. Секој едуциран граѓанин е чекор кон похумано, побезбедно и подобро општество за сите, нагласуваат од Лајка.
Новиот закон за миленици е ригорозен и јасен, но заглави во бирократијата
Во рамки на настанот има и зона за обука и дресура каде присутните ќе може да научат дали занаат што значи кога куче ја врти опашката, како правилно да му пријдат и зошто добрата комуникација е клуч за подобар однос помеѓу луѓето и кучињата.
-Во зоната „Учиме добри манири со Киско“ посетителите ќе имаат можност преку практични демонстрации, интерактивни активности и дружба со дресер да научат повеќе за: избор на миленик според животен стил, најчести проблеми со миленици, социјализација, а ќе стекнат основи на обука и дресура – затоа што добриот однос со кучето не започнува со команда – туку со разбирање, потенцираат од јавното претпријатије за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња.


