Сотир Лукровски / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

На Лукровски му заврши боледувањето, Мицкоски вели дека неговата здравствена состојба бара мирување

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, сè уште бара мирување и изрази надеж дека тој наскоро ќе се врати на редовното извршување на своите работни обврски.

Градоначалникот си назначил заменик — дали Крстевски ќе раководи со Карпош доколку Лукровски не даде оставка?

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Лукровски сè уште не се вратил на работа иако неговото комисиско боледување траело до 30 мај, Мицкоски рече дека според информациите со кои располага, здравствената состојба на градоначалникот не му дозволува враќање на работното место.

„Јас како што знам, Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош. Здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување, се надевам дека сè ќе биде во ред и ќе се врати на редовно извршување на работите“, изјави Мицкоски при посетата на Институтот за јавно здравје.

ВИДЕО | Мицкоски го „промовираше“ Крстевски во градоначалник на Карпош

Лукровски веќе еден месец е отсутен од функцијата поради боледување, а во меѓувреме него го заменува советникот Неделчо Крстевски, кој во моментов е заменик-градоначалник. Тој во изминатиот период присуствуваше на јавните настани на Општината и редовно информира за активностите преку видеа и објави на социјалните мрежи.

Мицкоски ги нарече „политички глодари“ сите што се ситат на здравјето на Лукровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот