Фото: Зоолошка градина

Подмладок во Зоолошка градина, се родија две бели волчиња

Во скопската Зоолошка градина се родија две бели волчиња, кои како што известија оттаму сѐ уште деновите ги минуваат скриени и заштитени, а во ретки моменти излегуваат надвор, кога можат да ги видат и посетителите кои моментално се наоѓаат во ЗОО градината.

Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени – информираа од Зоолошка градина.

Оттаму додаваат дека фотографиите кои ги направиле и кои ги објавуваме се направени токму во такви ретки моменти.

Бели волци во ЗОО/ Фото: Зоолошка градина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот