Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Центар ќе поднесат иницијатива за укинување на новиот ценовник на ПОЦ

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Центар ќе поднесат иницијатива за враќање на стариот ценовник и правилник на ПОЦ, откако претпријатието неодамна ги промени правилата, цените и критериумите за користење на паркинг-просторот во општината, информираше советничката Катерина Костадинова.

„ПОЦ“: Новиот систем за паркирање ќе биде фер за сите жители и ќе ги намали злоупотребите на јавните паркинзи

Таа изјави дека со новите поскапувања на паркингот, Општината направила центарци да бидат туѓинци во своите маала и во сопствените домови и, како што вели Костадинова, со новиот се спроведува легален рекет на жителите на Центар.

„Според новиот правилник на ПОЦ, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса. Па така, за возила во различна сопственост, на едно тричлено семејство на иста адреса, за да паркираат 3 возила пред својот дом, ќе треба да платат легален рекет на општината од 24.000 денари годишно или за секое следно возило уште плус 18.000 денари. Покрај комуналните давачки, Герасимовски на центарци ни испорача кирија за тротоарот и сокаците пред сопствените живеалишта. Па затоа, а и поради бројните реакции на граѓаните, ќе поднесеме иницијатива за враќање на стариот ценовник на ПОЦ, како прв чекор до конечно ослободување на центарци од погубните политики на Герасимовски и СДС“, изјави советничката.

Центарци за новиот ценовник изминатиов период започнаа и петиција во која бараат негово суспендирање и јавна дискусија околу потребата од промени, која до денес брои 1.227 потписи.

Центарци со петиција против новиот паркинг-систем на „ПОЦ“

Од Општина Центар и од ЈП „ПОЦ“ повеќе од десет дена не одговараат на прашањата од „Слободен печат“ дали ги разгледале барањата на жителите и дали има простор за јавна расправа и за евентуално враќање на старите цени и правила за паркирање во Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот