Чешмичка за вода/ Фото: Општина Центар

Се санираат две јавни чешмички, другите се во функција, тврдат од Општина Центар

Од вкупно 11 јавни чешмички на територијата на општина Центар, кои се во нејзина надлежност, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти, тврдат од Општината.

Во рамките на активностите за одржување на инфраструктурата, се поставува нова чешмичка на улицата „Орце Николов“, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради поплавување на околниот простор.

 Нашата цел е водата за пиење да биде достапна за граѓаните во овој жежок период, зеленилото редовно да се полева и да се одржува, и да се обезбеди уредна хигиена. Старите чешмички делумно ги заменивме со нови, иноксни, а имавме и неколку состаноци со ЈП „Водовод и канализација“. Поставени се и водомери на нив како што беше побарано од Општината, со цел да обезбедиме нивно непречено функционирање – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Герасимовски: Откако ќе се прошири „Јохан Хајнрих Песталоци“, целосно се воведува едносменска настава во основните училишта во Центар

Во изминатиот период, како што велат од Центар, заменети се седум стари чешмички со нови иноксни, со модерен дизајн. Истовремено, редовно се одржуваат и  системите за автоматско наводнување, а дефекти што се појавуваат на дневна основа редовно се санираат од надлежните служби.

За одржување и санирање на оваа инфраструктура, од предвидениот буџет во висина од три милиони денари, досега се исплатени 998.752 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот