Базен - Карпош - Спортски центар Борис Трајковски - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Базен - Карпош - Спортски центар Борис Трајковски - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

Базенот „Карпош“ останува отворен за летната сезона, реновирањето на објектот ќе започне наесен

Кратко по најавите за евентуално затворање на базенот „Карпош“ за летната сезона поради голема реконструкција на целиот објект, од СЦ „Борис Трајковски“ за „Слободен печат“ информираа дека е донесена конечна одлука базенот да продолжи да работи во текот на летото, а потоа наесен да се затвори и да започне реновирањето.

Базенот „Карпош“ наскоро оди на „ремонт“, се бараат алтернативи за пливачите кои пак ќе останат на суво

Оваа одлука е донесена поради, како што велат од спортскиот центар, „насушната потреба од базени во Скопје“, но и за да се остави простор од неколку месеци за клубовите да најдат соодветни алтернативи и термини за пливање во некој од останатите базени.

-Со оглед на насушната потреба од вакви објекти, односно базени во градот Скопје, одлучивме да ги одработиме и летните месеци сѐ со цел да обезбедиме услови за тренинг на пливачите, но и да оставиме временски простор во кој клубовите ќе можат да најдат термини на другите базени каде што би требало да почнат наесен – велат од СЦ „Борис Трајковски“ за „Слободен печат“.

Како што претходно информираше директорот Данијел Апостолоски, предвидена е обнова на целиот објект, а зафати ќе има на покривот, во коритото на базенот, на нивото под коритото, но и во соблекувалните и останатата инфраструктура, а како што ни објасни и претседателот на Пливачката федерација Сашо Лазаревски, Федерацијата предложила дека на објектот му е потребен и фитнес-центар, кој веројатно ќе биде изграден за пливачите.

Од спортскиот центар не можеа точно да одговорат колку ќе чини целосната реконструкција на објектот, односно колку средства се одобрени за овој проект, при што посочија дека точната сума ќе биде одредена откако проектот ќе биде целосно готов.

-Во однос на вредноста на реконструкцијата, не би можеле сѐ уште да дадеме точна информација, бидејќи истата ќе ја имаме откако проектот ќе биде целосно завршен, со што ќе се дефинира и сумата којашто приближно е потребна за реализација на проектот – брифираат од „Борис Трајковски“.

Пуштен во употреба новиот базен при салата „Партизан“ во Карпош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот