Си Џинпинг и Ким Џонг ун / Ф ото: EPA/XINHUA / Huang Jingwen CHINA OUT / UK AND IRELAND OUT / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY

Кинескиот претседател патува за Северна Кореја првпат по седум години

Кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела ќе се сретне со Ким Џонг Ун во Северна Кореја, што е негова прва посета на Сеул по речиси седум години, пренесе Би-би-си.

Си ќе биде во Северна Кореја на 8 и 9 јуни на покана на Ким. Тој последен пат го посети Пјонгјанг во 2019 година.

Посетата доаѓа неколку недели откако Си ги прими американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг – претседателите на двете земји кои се многу важни за надворешната политика на Пјонгјанг.

Како помина средбата меѓу Путин и Си Џинпинг?

Кина е клучен економски и политички партнер на Северна Кореја, која се соочува со сеопфатни меѓународни санкции како резултат на нејзината програма за нуклеарно оружје и наводни кршења на човековите права.

Кина и Северна Кореја делат граница долга 1.400 км и се обврзани со одбранбен договор – единствениот што Кина го има со која било земја. Тој гарантира меѓусебна поддршка доколку некоја од нив биде нападната.

Оваа година се одбележува 65-годишнината од тој договор.

И покрај блиските врски на Пекинг со Пјонгјанг и со Москва, Си е претпазлив во однос на растечкиот сојуз меѓу севернокорејскиот лидер и рускиот претседател.

Иако Пекинг е долгогодишен промотор на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, оваа позиција значително ја ублажи во последните години.

За време на состанокот Трамп-Си минатиот месец, двајцата лидери ја потврдија заедничката цел за денуклеаризација на Северна Кореја, според информативниот лист на Белата куќа за состанокот.

Трамп го напушти Пекинг, Џинпинг ја опиша посетата како историска и пресвртна

Но, кога беше прашан за ова на брифинг со медиумите, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи не го потврди директно договорот, туку рече дека ставот на Кина за ова прашање одржува „континуитет и конзистентност“.

Пјонгјанг, од своја страна, јасно стави до знаење дека нема да се откаже од своите нуклеарни амбиции.

ВИДЕО | „Ова е историски настан“ – Северна Кореја покажа таен нуклеарен објект, Ким нареди големо ширење на арсеналот

Само оваа недела, Ким изјави дека „капацитетот за производство на нуклеарни материјали за оружје на Северна Кореја се зголемил повеќе од двојно“ во последните пет години, додека обиколуваше нов нуклеарен објект, објавија државните медиуми.

Сеул се надева дека Си ќе игра улога на посредник на ова патување, поттикнувајќи го Пјонгјанг да го продолжи дијалогот и со Сеул и со Вашингтон. Јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг изјави дека верува оти за време на состанокот, Си ќе разговара со Ким  за продолжување на разговорите меѓу САД и Северна Кореја.

На маса на разговорите, како што наведува Би-би-си, може да се најде и санкционираната програма за нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Северна Кореја лансираше десетина балистички ракети кон Јапонско Море

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот