Фото: EPA/KCNA

Северна Кореја лансираше десетина балистички ракети кон Јапонско Море

Северна Кореја лансираше околу десет балистички ракети кон Источното, односно Јапонското Море, во демонстрација на сила во време кога САД и Јужна Кореја ги одржуваат годишните пролетни воени вежби „Штит на слободата“, пренесува Ал Џезира.

Според јужнокорејската војска, ракетите биле лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.

Здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека вооружените сили ја зголемиле подготвеноста и внимателно ја следат ситуацијата поради можноста за нови лансирања, во координација со САД и Јапонија.

Лансирањата следуваат по предупредувањето на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, која ги критикуваше заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја и предупреди на „страшни последици“ за безбедноста на Северна Кореја.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги осуди американските и израелските напади врз Иран и изрази поддршка за врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи.

Воената вежба „Штит на слободата“ ќе трае до 19 март и има цел да ги тестира оперативните способности на сојузниците преку симулации и безбедносни сценарија. Северна Кореја и понатаму ги одбива повиците за дијалог за нејзината нуклеарна програма, додека паралелно ги зајакнува врските со Русија и учествува во воени активности поврзани со војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот