Љутков ја пофали конструкцијата на неизградената нова Универзална сала
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во гостувањето на „4 ТВ“ ги коментираше градежните активности за изградбата на новата Универзалната сала во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Новата челична конструкција е апсолутно безбедна. Таа е за десет пати постабилна и побезбедна од претходната која Универзална сала ја имаше со децении. Проектирана е наменски, за да може без проблем да ја издржи тежината на новата фасада, но и на комплетно новата сценска технолошка опрема која ќе биде инсталирана внатре“, рече Љутков.
Тој се осврна и на хаосот со бирократските процедури и ингеренциите меѓу Град Скопје и Министерството за култура кои со години го кочеа проектот.
„Таму веќе имаме и кривична пријава за договор склучен во ‘четири очи’, за истечен договор кој се терал без јавна набавка и без соодветен тендер. Претходниот проект беше планиран во три фази, но во ниту една од нив воопшто не беше предвидено внатрешно уредување, ниту пак партерното парковско уредување околу салата! Замислете до каде одеше тој апсурд“, рече министерот.
Универзална сала ќе добие нова конструкција и нова купола, уште да се пријави „мајсторот“


