„Хелс Ејнџелс“ ќе прават голем собир во Грција, цела полиција е на нозе
Грчките безбедносни служби ја подигнале будноста пред големиот меѓународен собир на членовите на прочуениот, но и контроверзен мото-клуб „Хелс Ејнџелс“, кој почнува денеска и се очекува да биде посетен од илјадници моторџии од цела Европа, пишува „Грик рипортер“.
Препорачано
Властите соработуваат со полициските служби од ЕУ и разменуваат информации за луѓе кои веќе им се познати на безбедносните органи, кои во редовите на „Хелс ејнџелс“ не се ретки.
Според грчките медиуми, полицијата и разузнавачите внимателно ги следат подготовките за настанот, кој ќе се одржи во голем камп во градот Игуменица на Јонското Море, како и активностите на локалните ограноци на организацијата.
Дел од грчките медиуми потсетуваат дека на сличен моторџиски собир пред десетина години имало насилство, а еден човек бил претепан до смрт.
„Ангелите на пеколот“ (Hells Angels Motorcycle Club) се основани во Калифорнија во 1948 година и тие се една од најпознатите и најголеми моторџиски организации во светот, со ограноци во десетици држави. Организацијата со децении е предмет на интерес на безбедносните служби во САД и Европа. ФБИ и други агенции гонеле членови и цели ограноци на клубот, вмешани во трговија со дрога, изнуда, перење пари и друг криминал, поради што низ годините биле спроведени бројни истраги и апсења.
Од „Хелс ејнџелс“ ги отфрлаат таквите обвинувања и тврдат дека се легален моторџиски клуб кој организира собири, возења и хуманитарни активности. Поради нивната репутација, секој поголем меѓународен собир на „Ангелите на пеколот“ привлекува внимание во јавноста и кај безбедносните служби.
ВИДЕО: Поп благословува „Ауди“ во Софија, на туристи им дојде да се прекрстат


