Владимир Путин/Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Зошто би го нападнале НАТО, тоа се глупости, Русија е спремна за мир со Украина, тврди Путин

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека се апсурдни западните предупредувања дека Русија би можела да го нападне НАТО, објави „Еуроњуз“.

„Според мене, тоа не е само бесмислица, туку намерна провокација осмислена да создаде закана која всушност не постои и да ги натера граѓаните на нивните земји да трошат повеќе пари за одбрана“, изјави Путин на состанок со претставници на меѓународни новински агенции во Санкт Петербург.

Рускиот лидер ги обвини западните влади дека свесно создаваат наратив за закана која, тврди тој, не постои во реалноста.

Тој додаде дека е изненаден што некои луѓе во Европа им веруваат на ваквите предупредувања.

„Би било смешно ако не беше толку тажно. Секој што мисли дека Русија би можела да нападне територија на НАТО треба да се праша: зошто“, рече тој.

„Украина нуди да се стави крај на војната“ — Зеленски испрати писмо и бара средба со Путин

Путин повтори дека Русија е подготвена за мир и дека условите се познати и беа дискутирани во Алјаска, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп е запознаен со нив.

„Украинската страна мора да се согласи на истите компромиси и конфликтот брзо ќе дојде до својот природен крај. Имам впечаток дека владејачките кругови во Киев не се заинтересирани за завршување на борбите, бидејќи би ја изгубиле власта“, рече Путин.

Тој додаде дека контролата над Донбас и договорот за Украина не се меѓусебно исклучиви.

Неговите тврдења дека Русија нема планови да нападне територија на НАТО често наидуваат на скептицизам на Запад.

Пред руската целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Кремљ исто така повеќепати негираше дека се подготвува за војна.

Ако Зеленски сака средба со Путин, слободно нека дојде во Москва, вели Песков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот