„Додека има окупација, ќе има отпор“ – Хезболах го отфрли планот за примирје меѓу Израел и Либан
Хезболах го отфрли планот за прекин на огнот договорен од либанската и израелската влада со посредство на САД, објави Би-би-си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
САД вчера објавија дека Либан и Израел се согласиле на примирје, под услов Хезболах, група поддржана од Иран, да прекине со огнот и да ги повлече своите борци од Јужен Либан по границата со Израел.
Водачот на либанската шиитска група, Наим Касем, ги нарече разговорите срамота, отфрлајќи ја најавата на Вашингтон како „сценарио во кое дел од либанскиот народ ќе биде истребен, а остатокот ќе биде поробен“.
„Додека има окупација, ќе има отпор“, рече Касем во писмена изјава.
Договорот меѓу Израел и Либан, постигнат по четвртата рунда разговори со посредство на САД во Вашингтон, е условен со „евакуација на сите оперативци на Хезболах“ од областа меѓу израелската граница и реката Литани, околу 30 километри северно, која во моментов е под контрола на израелските копнени сили.
Според договорот, САД би помогнале во воспоставување на „пилот-зони во кои Либанските вооружени сили ќе имаат исклучива контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“.
Во договорот не се вклучени мапи што би покажале каде ќе се наоѓаат овие пилот-зони, ниту пак има објаснување како тие би функционирале во пракса.
Израел и Либан наводно се согласиле за целосно примирје — Ерусалим продолжи со нападите
Непријателствата меѓу Хезболах и Израел повторно се разгореа на 2 март, кога групата отвори оган во поддршка на Техеран, кој беше под американско-израелски напад.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, претходно денеска изјави дека Израел засега ќе продолжи со нападите врз Либан.
Шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, најави дека Европската унија ќе испрати дополнителни 100 милиони евра финансиска поддршка за либанската армија.
ЕУ испраќа нови 100 милиони евра за либанската армија во време на кревко примирје, вели Калас


